Во период од 28 ноември до 04 декември 2020 г., Центарот за јавно здравје Охрид направил 236 тестирања за присустви на Ковид 19 во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, а дополнителен број се направени во приватни лаборатоирии. Од вкупно тестираните примероци во сите лаборатории, дијагностицирано е присуство на COVID-19 кај вкупно 438 лица и тоа кај 206 лица од општина Охрид, кај 196 лица од општина Струга и кај 36 лица од општина Дебар.

Во овој период оздравени се 229 лица од Охрид, 142 лице од Струга и 3 лица од Дебар. Починати се 6 лица од Охрид и 9 лица од општина Струга. Активни случаи на 04.12.2020 г. во Охрид се 576, во Струга 480, а во Дебар 132, информира Центарот за јавно здравје Охрид.

Актуелна состојба со Ковид 19 во регионот

Од почетокот на епидемијата до 4 декември лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид 19 кај вкупно 3843 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 1757 лица во општина Охрид и Дебрца, 1595 лица во општина Струга и Вевчани и 491 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 1178, од Струга 1040, а од Дебар и Центар Жупа се 344 пациенти Од општина Охрид и Дебарца има 58 починати пациенти, од општина Струга се починати 97, а од Дебар и Центар Жупа 21 лице.

OhridNews