Со низа активности охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ ќе го одбележи 8-ми декември, патрониот празник на училиштето.
Активностите почнуваат во вторник на 3-ти декември, во 12.15 часот со одржување на отворен час по хемија и физика во поткровјето на гимназијата.
Во среда, во истиот термин ќе се одржи квиз во организација на активот по математика.
Во четврток се закажани отворени часови по биологија и географија, а во петок со почеток во 10 часот во спортската сала на училиштето ќе се одржи хуманитарен саем.
Во сабота, со почеток во 19 часот во Галеријата Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложба на ликовни творби од ученици од гимназијата и ќе се доделат награди од одржаниот училишен курс.
Свечената академија по повод патронатот на гимназијата и градот е во сабота, со почеток во 19 часот, во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.
OhridNews