Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2020 година изнесува 75.591, кои оствариле 436.180, што е значително помалку во однос на минатата година.
Бројот на туристите во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, е намален за 56.0%, а бројот на ноќевањата е намален за 36.1%.
Бројот на домашните туристи во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, е намален за 4.8%, а бројот на странските туристи е намален за 94.9%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, е намален за 6.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 93.4%.
Во периодот јануари ‒ јули 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 67.4%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 43.9%, а кај странските има намалување за 79.6%. Во периодот јануари ‒ јули 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 56.6%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 30.8%, а кај странските има намалување за 80.3%.
OhridNews