Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2020 година изнесува 133 704, а бројот на ноќевањата изнесува 684 719. Бројот на туристите во август 2020 година, во однос на август 2019 година е намален за 38.2 %, а бројот на ноќевањата за 24.3 %.

Бројот на домашните туристи во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е зголемен за 8.9 %, а бројот на странските туристи е намален за 92.8 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е зголемен за 1.1 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 91.3 %. – објави Државниот завод за статистика

Во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 59.9 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 25.3 %, а кај странските има намалување за 82.2 %.

Во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 45.0 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 16.3 %, а кај странските има намалување за 82.8 %.

OhridNews