Во последните 24 часа се направени 1259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на ковид-19 во Македонија. Во Охрид има еден нов случај, додека во Струга има седум. Најмногу како и претходните денови во кризата од ковид -19 има во Скопје, вкупно 76.

Состојбата со Ковид 19 денеска е следна: Скопје 76, Куманово 6, Дебар 2, Штип 6, Прилеп 1, Тетово 13, Струга 7, Битола 3, Охрид 1, Кавадарци 1, Гостивар 10, Гевгелија 1, Македонски Брод 1, Кратово 1, Свети Николе 2, Кичево 3, Ресен 1.

Починати се 4 лица,пациент од Скопје, од Тетово, од Кичево и еден пациент на 86 годишна возраст од Охрид.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени лица, меѓу кои 15 од Охрид.

Досега во земјата се направени вкупно 79.392 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 8332, бројката на оздравени пациенти е 4468, на починати е 389, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3475.

OhridNews