Бројни учесници и врвни борби на одржаното Државно првенство во таеквондо изминатиов викенд во спортската сала „Билјанини извори“  во организација на Таеквон-до клуб “МАСТЕР” од Охрид.

Учество земаа 78 натпреварувачи кои се натпреваруваа во две дисциплини, во форми и борби од Таеквон-до клубот „Мастер“ Охрид, Таеквон-до клубот „Ахилиус“ Скопје, Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец, Охрид, Таеквон-до ИТФ клубот „Сонкал“ Мислешево, Струга и Таеквон-до ИТФ клубот „Чонџи“, Косел, Охрид.

Натпреварувачите покрај што ги бранеа боите на своите клубовите, некои од нив се бореа за место во репрезентација за учество на наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Копер, Словенија, од 15-22 април. На наше задоволство и задоволство на сите присутни во салата натпреварувачите направија врвни борби, докажувајќи дека се во одлична форма и дека се многу од нив на добар пат за брзо време да се изборат за место во репрезентација, вели претседателот на М.Т.Т.Ф Марјанчо Лазаревски.

Најдобри поединци во нивните старосни категории кои покрај со медали се закитија и со пехари се:

  • најдобро девојче 8-10 години, Меланија Јанеска
  • најдобро дете 8-10 години, Хриситјан Гагалески
  • најдобра кадетка 11-13 години, Миа Танеска
  • најдобар кадет 11-13 години, Даријан Китаноски
  • најдобра јуниорка 14-15години, Анастасија Чулческа
  • најдобар јуниор 14-15 години, Климент Богоески
  • најдобра младинка 16-21 година, Елена Јанеска
  • најдобар младинец 16-21 година, Владимир Димитриевиќ.

Исто така, Лазаревски јавно се заблагодарува на Агенцијата за млади и спорт за признавањето на нивниот спорт и нивната поддршка, на Општина Охрид кои беа покровители за организирањето на државното првенство во Таеквон-до ИТФ, и на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ“, кој е најзаслужен за сите нивни успеси.

Најдобар клуб на одржаното Државно првенство во таеквон-до ИТФ е Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”, Лескоец, Охрид, со освоени 15 златни, 14 сребрени и 19 бронзени медали и 6 пехари за најдобри поединци.

На второто место се најде домашниот клуб, организаторот Таеквон-до клубот “Мастер“, Охрид, со освоени 7 златни, 6 сребрен и 5 бронзени медали и еден пехар за најдобар поединец.

На третото место се најде Таеквон-до ИТФ клубот “Сонкал“, Мислешево, Струга со освоени 6 златни, 6 сребрени и 3 бронзен медал и еден пехар за најдобар поединец.

На четвртото место се најде Таеквон-до ИТФ клубот “Чонџи“, Косел, Охрид, со освоени 2 златни, 3 сребрени и 8 бронзени медали.

На петтото место место се најде Таеквон-до клубот Ахилиус”, Скопје, со освоени 2 златни, 1 сребрен и 5 бронзени медали.

М.Т.Т.Ф од 15-22 април 2024 го најавува нивното учество на наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Копер, Словенија.

OhridNews