Бројни награди и значајни успеси постигнаа учениците од ООМУ „Методи Патче“ Охрид на  Државниот натпревар кој се одржа во Битола во организација на Здружението на музички и балетски педагози.

Охридските хармоникаши од класата на проф. Филип Гавриловски, Стефан Таштаноски и Михаил Стојаноски освоија прва и втора награда.

Охридските виолинисти од класата на проф. Елица Рашкова ги освоија највисоките, една прва специјална награда и 2 први награди и тоа Виктор Србиноски – прва специјална награда, Стефан Баракоски – прва награда и Емилија Лушеска – прва награда.

Охридските флејтистки од класата на проф. Оливера Петкоска,  Марија Дузлеска и Марија Лазаревска освоија прва и втора награда, додека флејтистки од класата на проф. м-р Нина Момировска ги освоија највисоките, една прва специјална награда и 5 први награди и тоа Бојана Размоска – прва специјална награда, Ана Јованоска – прво место, Тијана Шутароска – прва награда, Елена Андрееска – прва награда
Миа Стојкоска – прва награда и Михаела Аврамоска – прва награда.

Охридските пијанисти од класата на проф. Ана Ѓоргиоска освоија Ана Кузманоска – прва награда, Катја Крстаноска – втора награда и Борјан Николоски – втора награда.

Младите таленти од ООМУ „Методи Патче“ неодамна заблескаа и на Меѓународниот натпревар за млади музичари „Сергеј Михајлов” кој се одржа во Штип.

Н.С.Ј.