Бројни акции и апели за собирање средства за помош на нашата сограѓанката Бојана, на која пред девет месеци и е дијагностициран Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma продолжуваат. За нејзиното лечење потребни се 90 илјади евра.
Црвен крст Охрид се вклучи во хуманитарната акција за собирање на финансиски средства за нашата сограѓанка Бојана и на повеќе локации во градот (маркети, кафулиња, хотели) веќе се поставени собирни кутии со знакот на Црвен крст во кои секој ќе може да донира финансиски средства според своите можности, информираат.
И Здружението „Ретко е да си редок“ се вклучи со помош преку пренамена на финансиската поддршка која беше издвоена од хуманитарниот фудбалски турнир за нашата сограѓанка Бојана.
Благодарност до Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид, за издвоената финансиска поддршка за здружението „Ретко е да си редок“! Но, како претседател на истото целосно се откажувам од средствата и упатувам апел да се пренаменат за лекување на нашата сограѓанка Бојана! Ја користам оваа прилика да ги повикам сите наши граѓани, но и сограѓани и општествено одговорни компании да помогнат да се спаси уште еден човечки живот!, вели претседателката на Здружението, Гордана Лолеска.
Претходно, градоначалникот Пецаков информираше дека од аконтација за учество хуманитарен фудбалски турнир по повод 7ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, кој втора година со ред го организираат ЈП „Билјанини извори“ во соработка со Општина Охрид собрани се средства во износ од 144 000 денари.
Заедно со организаторите одлучивме овие средства да ги распределиме онаму каде што во моментов има најголема потреба. 80 000 денари се донираат кај нашта сограѓанка Бојана Бонеска на која и е дијагностицирана болест за чие лекување се потребни повисок износ. Тука упатувам апел до сите кои имаат можност да помогнат тоа да го сторат преку трансакциските сметки кои се јавно достапни. 30 000 денари донираме на Здружението „Ретко е да си редок“ и 30 000 денари донираме на Здружението на деца со дијабет, посочи Пецаков.
OhridNews