Возачите на еден американски автопат во Мериленд се грабале по банкноти кои излетале од блиндиран камион со пари чија врата се отворила. Полицијата вели дека бравата на камионот се расипала поради што се отворила вратата. Од камионот испаднала вреќа со пари и доларите се разлетале.
Тогаш, според зборовите на полицајците, сопреле голем број автомобили на меѓудржавниот автопат и возачите потрчале да ги соберат парите. Полицијата му помогнала да возачот на блиндираниот камион да собере околу 200 долари, а не се знае колку пари изгубил. Потоа од возачите кои ги зеле парите побарале да го донесат во полиција, или ќе бидат обвинети за кражба, се разбира, доколку бидат фатени.