Како што информираат од МВР, при преземените мерки тој пружал активен отпор и нападнал полицаец удирајќи го со тупаница во пределот на лицето. При тоа со десната рака во која имал шрафцигер пробал уште еднаш да го нападне полицаецот, во што не успеал, по што се дал во бегство кон Кеј Маршал Тито. Совладувајќи метални огради тој неколку пати паднал, по што бил пронајден во спалната соба од домот на Т.Т. од Охрид, каде упаднал насилно и извршил тешка кражба одземајќи пари од женска ташна. Тој при влегување во домот на Т.Т. се самоповредил со расекотина на десната рака, која му е нанесена од кршење на прозорско стакло.
Од страна на полицијата лицето е приведено и пружена му е медицинска помош во МЦ-Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид, при што шрафцигерот е пронајден на градскиот кеј во двор од куќа и истиот е подигнат за вештачење. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена содветна пријава, соопшти МВР.