Иако нејзината популарност е значително помала откако во 2007 година доживеала нервен слом и се нашла во центарот на бројни скандали, Бритни Спирс и понатаму може да се пофали со астроноски приходи. Популарната пејачка неодамна го обновила договорот со еден хотел во Лас Вегас за постојани настапи, и сега заработува 475 илјади долари по настап, што изнесува речиси милион долари неделно.

Бритни првиот настап во хотелот “Planet Hollywood” го имала во декември минатата година, а со оглед на тоа што продажбата на билетите е одлична, по само 50 настапи нејзините менаџери одлучиле да побараат поголема плата, па од првобитните 310 илјади долари по настап, нејзиниот хонорар е зголемен на 475 илјади долари. Сега пејачката заработува само илјада долари помалку од Селин Дион, најплатениот изведувач во Градот на гревовите, а бројот на закажаните настапи е зголемен од 92 на  110. Милионските приходи и дозволуваат да не се грижи премногу за парите, па така неодамна било откриено дека годишно троши повеќе од 30 илјади долари за своите кучиња.