Бритни Спирс има намера да го покани своето момче Дејвид Лукада да се всели во нејзиниот дом како би започнале заеднички живот. Пејачката во јануари ја раскинала веридбата со Џејсон Тревик, а со новиот партнер била во врска три седмици. Извор близок на пејачката рекол дека е осамена и дека мрзела да биде сама. Исто така додал дека таа сакала брак и уште едно дете.
Поп ѕвездата во јануари раскинала со вереникот Џејсон Тревик и оттогаш е во потрага по нов партнер. Таа на сите начини сакала да му помогне на Дејвид, па му понудила и нов автомобил и парична помош како не би морал повеќе самиот да заработува. Иако не го познавала доволно, била уверена дека е добра и нормална личност.