Поп пејачката Бритни Спирс била тужена од страна на бизнис партнери за 10 милиони долари. Против неа бил поднесена тужба за кршење на договорот во судот во Лос Анџелес. Станува збор за договорот со козметичката компанија “Elizabeth Arden”, поврзано со рекламирањето на парфемот “Radiance”.
Компанијата “Brand sense” која била посредник при склучувањето на овој договор тврди дека Бритни и нејзиниот татко Џејми ги оштетиле за 35 проценти од заработката, колку што требало да им припадне од секој договор. Измамата била откриена благодарение на финансискиот извештај во кој Бритни е наведена како единствена која има право на приходи од рекламата за “Radiance”, а посредничката фирма била во потполност искулчена.