Иако во јавноста се појавија гласини дека интересот за настапите на Бритни Спирс е прилично мал, организаторите на нејзините концерти известуваат дека картите за првите 16 настапи веќе се распродадени.


“Многу сме задоволни, а интересот е толку голем што дури ги надмина и нашите очекувања” изјавил претставник на команијата “Ceasars Entertainment” и додал дека картите за првите 16 концерти биле распродадени во рок од еден час.

Добра вест за сите нејзини фанови е што Бритни ќе пее во живо на сите концерти кои се дел од нејзината нова турнеја.