Пејачот Елтон Џон секоја година организира забава после доделувањето на Оскарите, а многу славни лица не ја пропуштаат неговата покана. Поп пејачката Бритни Спирс го привлекла вниманието на неговата овогодинешна забава поради новиот имиџ.

Својата препознатлива руса коса ја исфарбала во темно костенлива, и позирала во црн фустан кој го нагласувал нејзиното деколте, но и грбот. По раскинувањето на веридбата повторно е слободна, па во последно време била видена на неколку состаноци со нови момчиња.