Три години после албумот „Циркус“, Бритни Спирс се враќа на сцената со нов албум, кој ќе излезе на 15 март. Станува збор за нејзиниот седми албум, кој ќе се продава во класично и де лукс издание, со неколку дополнителни песни.
Нејзините фанови би требало да се возбудени. Албумот бил неверојатен, а фотографиите гламурозни. Пејачката својот нов албум неодамна го најавила со повратничкиот сингл “Hold It Against Me”.