Во минијатурно црно-жолто бикини, 34-годишната поп пејачка Бритни Спирс се сончаше покрај базен. Идиличниот момент го забележа со фотографија која ја објави на својот Инстаграм профил. Голем дел од нејзините обожаватели го пофалија нејзиниот изглед, но имаше и такви кои се уверени дека пејачката својата линија сепак малку ја поправи во фотошоп.
Но, познато е дека Бритни многу време минува во теретана и се чини дека конечно повторно е задоволна со својот изглед, кој се обидуваше да го врати „на старо“, после својот нервен слом од пред неколку години. Освен со оваа фотографија, својот рамен стомак го покажа и додека позираше со својот син Џејден и внуката Лекси на голф терен.