Иако во последниве две години во медиумите се појавуваше само поради скандали, Бритни Спирс изгледа се вратила во полна форма. Поп ѕвездата минатиот петок официјално се врати на музичката сцена со настап во Сан Франциско каде одржа мини концерт. Ова беше прв нејзин јавен настап од ноември 2009 година.
На концертот присуствувале 700 нејзини најверни фанови, кои биле воодушевени што ја гледаат повторно, па за време на целиот настап го скандирале нејзиното име и секое нејзино движење го поздравувале со извици и аплауз. Таа го искористила настапот да ги промовира песните од нејзиниот повратнички албум “Femme Fatale”, кој деновиве официјално ќе се појави во продажба.