После неколку бурни години кои ги минала далеку од сцената, Бритни Спирс се враќа на пеењето. Некогашната поп принцеза и поранешна членка на жирито на американскиот „Икс Фактор“, преговара на ново шоу, ”Caesars Entertainment”, во Лас Вегас, вредно повеќе милиони долари.
Селин Дион пред три години потпишала исти договор и заработила 100 милиони долари, а колку Бритни ќе профитира од овој ангажман сеуште не било познато.