Бритни Спирс е уверена дека Џастин Тимберлејк сеуште не може да ја преболи и дека поради тоа неодамна ја прекинал врската со Џесика Бел. Пејачката, која моментално е во врска со менаџерот Џејсон Тревик, мисли дека причина за неуспехот на скоро петгодишната врска се крие токму во неа.
Таа и Џастин прекинале пред девет години, а во врска биле три години. Џастин пејачката ја оставил бидејќи наводно го изневерила со некој друг. Како можна причина за прекинувањето на врската на Џастин се наведува и Мила Кунис, за кои медиумите пишуваат дека е неговата нова девојка.