Поп пејачката Бритни Спирс планира наредната година да се врати на филмското платно. Таа најмногу би сакала да се испроба во улога на негативец или убиец. Минаа речиси десет години откако таа за прв пат се појавила на филм, и тоа во остварувањето “Crossroads”, каде играла една од трите другарки кои заедно патуваат ширум САД.
Сега пејачката посакала да ја обнови својата актерска кариера, па планира наредната година да се појави во некој холивудски филм. На тоа можеби се одлучила поради слабиот интерес за нејзините концерти во Велика Британија, каде била приморана да ги преполови цените на билетите.