Американската пејачка Бритни Спирс била принудена поради слабиот интерес речиси да ги преполови цените на билетите за нејзините концерти во Велика Британија, јавиле лондонските медиуми. Поп ѕвездата, која на крајот од седмицава во Лондон ќе го има својот прв концерт во Велика Британија, во рамките на својата тунеја “Femme Fatale”, ја намалила цената на билетите од првобитните 55 на 30 фунти за настапот во Бирмингем следниот месец.


Организаторите биле загрижени, бидејќи пејачката лесно би можела да се најде пред полупразната сала, која инаку прима 16 илјади посетители. Во Шефилд, каде Бритни ќе настапи неколку дена подоцна, промотерите ги продаваат билетите по концептот плати една земи две.