Пред четири години, судиите ги доделиле правата за управување со имотот на Бритни Спирс на нејзиниот татко Џејми, бидејќи во тој период пејачката била нестабилна и непресметлива.

Сега Бритни целосно закрепнала и наскоро ќе се омажи за Џејсон Тревик. Таткото како свадбен подарок решил да се откаже од управувањето со парите на неговата ќерка. Бритни и Џесон ќе се венчаат на денот на вљубените на Хаваите.