Пејачката Бритни Спирс, после една и пол година, раскинала со момчето Дејвид Лукадо поради неверство. Поп ѕвездата најпрво ја поделила оваа вест со обожавателите на социјалните мрежи, а потоа и објавила видео снимка, во која детално објаснила и поради која причина го оставила момчето.
Причина за раскинувањето, наводно, е снимка која кружи на интернет, на која Дејвид е со друга жена во нечија дневна соба. Од ПР службата на Дејвид порачуваат дека тој и понатаму е вљубен во поп пејачката, дека му е жал поради оваа несреќна случка и дека се надева како односите помеѓу нив двајца ќе се средат.