Бритни Спирс и Чарли Еберсол беа заедно неколку месеци, а својата љубов не ја криеа од очите на јавноста. Една од најголемите поп икони и телевизискиот продуцент осум месеци уживаа во љубовта. Токму кога се чинеше дека нивната врска оди во сериозен правец, Бритни одлучи да стави точка на нивната љубов. Имено, пејачката ги избриша сите заеднички фотографии со продуцентот објавени на социјалните мрежи, и со тоа јасно даде до знаење дека нивната врска е завршена.

 

Иако пејачката ги избриша сите фотографии со Еберсол, очигледно Чарли се надева на помирување, бидејќи на неговиот Инстаграм и понатаму стојат фотографии со Бритни. Да потсетиме, се запознаа преку заеднички пријатели, а продуцентот после само два месеци врска сакал да ја запроси пејачката.