Популарната американска пејачка Бритни Спирс, која има 33 години, наскоро повторно би можела да заплови во брачните води. Странските медиуми пишуваат дека, иако се во врска само два месеци, писателот, продуцент и претприемач Чарли Еберсол, планира пејачката да ја запроси на божиќната забава која ќе ја организира Мел Гибсон на својот имот на Костарика.
Гибсон инаку е блзиок пријател на пејачката кој и давал најголема поддршка во кариерата, посебно во 2008 година кога доживеала нервен слом. Според пишувањата на медиумите, Бритни по се изгледа е спремна да го изговори судбоносното „да“.