Бритни направила огромен напредок во последниве три до четири месеци. Изгледа дека повторно го има својот живот под контрола, изјавил непознат извор. Пејачката во четвртокот приватно се состанала со судијата, а освен со него се состанала и со татко си, кој сеуште има контрола над нејзиниот живот и нејзините пари.
Изворите велат дека пејачката може да очекува дека ќе стане самостална за околу три месеци. Татко и го презел надзорот во 2008 година откако Бритни имала неколку јавни испади и била хоспитализирана во невропсихијатриски центар.