Само една седмица откако фанвите ги израдувала со видео спот за новиот сингл “Hold It Against Me”, пејачката Бритни Спирс сигурно не се надевала дека ќе мора да плати оштета од неколку милиони долари поради сомневање дека нејзината нова песна е плагијат. Бритни била обвинета дека ја прекопирала рок баладата “If I Said You Had A Beautiful Body Would You Hold It Against Me” која ја изведуваат “Bellamy Brothers”.
Тие тврдат дека нејзината песна е мнгу слична на нивната нумера од 1979 година која била на топ листите во шест земји, а Дејвид и Хауард Белами поради тоа отишле на адвокат да поднесат пријава. Рекле дека немаат ништо лично против Бритни. Додале дека биле украдени во професионална смисла и дека постои можност нивните адвокати да се договорат со адвокатите на Бритни надвор од судницата.