Пејачката Бритни Спирс снимила реклама за ‘Twister Dance’ во која носела градник вреден 20 илјади долари. Пејачката на својот Твитер профил напишала дека никој не бил посреќен од неа кога ја повикале и ветила дека ќе биде жешка.

Инаку, овој секси градник е наречен ‘Eternal Love’, а бил опточен со Сваросвски кристали. Бритни има причини за оптимизам бидејќи била во завршни преговори со продуцентската куќа Фокс околу нејзиното влегување во шоуто „Х фактор“. Пејачката би требало да биде член на жирито, а продуцентите сметале дека токму таа ги знае сите тајни на шоубизнисот, па на идните ѕвезди би можела да им даде корисни совети.