Мина доста време од претходното студиско издание на Бритни Спирс, но изгледа обожавателите на американската пејачка нема да мораат да чекаат уште долго на нејзиниот нов албум. Доколку може да му се верува на Робин Лич од компанијата „Лас Вегас Сан“, деветиот студиски албум на 34-годишната пејачка ќе биде објавен за само четири седмици.

Поп принцезата најавниот сингл за албумот, наводно, ќе го избере на 11 април, додека снимањето на спотот ќе започне недела дена подоцна. Бритни Спирс моментално се зафатена со одржување концерти во Лас Вегас, а неодамна објави и тизер од настапите. Деветтиот студиски албум славната пејачка го опиша како најдобро нешто кое го направила во последно време. Последниот нејзин албум излезе во 2013 година.