Во анкетата на музичкото списание „Билборд“ пејачката Бритни Спирс победила во неколку категории, односно најдобар албум, најдобра песна, спот и концертна турнеја. Најзиниот нов албум “Femme Fatale” бил прогласен за најдобар албум, додека песната “Hold It Against Me” ја добила титулата за омилена песна на “HOT 100” листата на списанието.
Нејзиниот спот за песната “I Wanna Go” бил прогласен за најдобар, додека нејзината турнеја на која го промовирала новиот албум била прогласена за турнеја на годината. Оваа година останала единствено без титулата за најдобро враќање на сцената, бидејќи во таа категорија победила Џенифер Лопез, а верувале или не за најдобро облечена пејачка била прогласена Лејди Гага.