Една од најуспешните хрватски манекенки, Корина Лонгин, изјавила дека додека го снимала спотот на Џастин Тимберлејк, во кој се бакнува со него, Бритни ја убивала со погледот. Во интервјуто кое неодамна го дала за загребското радио Антена, популарната манекенка ги потврдила овие информации.
Корина инаку е во среќен брак со Фредро, рап пејачона на групата Оникс. Таа исто така беше поврзувана и со мега звездата Лени Кравиц, за што вели дека се само шпекулации и дека со пејачот била само добра пријателка.