Секоја жена би требало да се чувствува удобно и убаво во она што го носи, вели Бритни Спирс. Токму од таа мисла била водена во нејзиниот нов проект, линија долна облека, јавуваат медиумите. Низ годините навикнавме да ја гледаме во светликави фустани со многу додатоци, но сега припремила нешто сосема поинакво.

Славната пејачка ќе дизајнира линија секси градници, кимона и неглижеа за скандинавска стоковна куќа, а ќе носи име ‘The Intimate Collection Britney Spears’. Според фотографијата која ја објавила на својот Твитер профил, колекцијата ќе биде префинета, елегантна и софистицирана. Главната идеја е да се створи линија долна облека која ќе биде секси и удобна во исто време, објаснува Бритни.