Пејачката Бритни Спирс се враќа на музичката сцена, а се ќе започне со издавањето на нејзиниот нов албум и серија на концерти во Лас Вегас со кои ќе го промовира истиот.
Осмиот по ред студиски албум ќе се најде во продажба наредната недела, а во меѓувреме пејачката потпишала договор со хотелот “Plenet Holivud” според кој треба да настапи 48 пати во наредната година со што ќе заработи $15 милиони долари.
Иако оваа ѕвезда беше “неактивна” на музичката сцена изминатите години, тоа не ја спречи да заработи огромна сума пари од појавување во различни филмови и телевизиски емисии.