Бритни Спирс (27) била снимена во петокот во Лос Анџелес во друштво на Џејсон Тревик (37). Насмеаната пејачка носела искинати траперки и жолта маичка, а неколку пати го свртела вниманието кон својата лева рака на која се наоѓал голем дијамантски прстен. Дека Бритни навистина е во врска со својот менаџер станало познато дури пред неколку недели иако парот е заедно веќе неколку месеци.


Минатиот месец Џејсон и Бритни биле на одмор на Карибите, а со нив биле и нејзиниот татко, брат и синовите.

-Изгледаат навистина слатко заедно. Бритни отсекогаш беше “затрескана“ во Џејсон, а тој е најубавото нешто што можеше да и се случи-открива близок извор на пејачката.