Поп пејачката Бритни Спирс почнува со работа на новиот, осми по ред студиски албум. Таа моментално е член на жирито во шоуто „Икс фактор“, а за албумот се здружила со текстописецот Илајџа Блејк, кој  бил номиниран за наградата Греми. Тој изјавил дека фановите ќе бидат изненадени со новиот проект на пејачката.
Блејк работел со Ријана на нејзиниот сингл ‘No Love Allowed’ и со Ашер на синглот ‘Climax’, а двата станале големи хитови. Синглот на Бритни и Вил.Ај.Ем ‘Scream and Shout’ постигнал голем успех на светските топ листи. Пејачката својот последен албум ‘Femme Fatale’ го издала во 2011 година.