Познатите личности обично ги продаваат своите куќи по цена повисока од онаа по која ја купиле, но не и пејачката Бритни Спирс. Таа својот дом кој го платила 6,7 милиони долари го продава за дури 3 милиони помалку. Откако во 2007 година доживеа нервен слом, ја избри главата во јавност и се повлече од музиката на некое време, на пејачката не и цветаат рози.


Така одлучила својот дом во Беверли Хилс да го продаде за 3,7 милиони долари, што е за три милиони помалку од цената која ја платила кога го купувала. Куќата има речиси 700 квадратни метри, пет спални соби и шест тоалети. Исто така има и приватен базен и спа, како и одвоени соби за послугата.