Романтична венчавка, забава за најтесното семејство и меден месец, сето тоа сега е откажано. Бритни Спирс и нејзиниот менаџер Џејсон Тревик одлучиле да ги сопрат сите понатамошни планови. Според медиумите, Бритни и Џејсон сакале да се венчаат кон крајот на декември, но честите кавги ги промениле плановите. Бритни наводно му замерувала што во последно воопшто не бил забавен и што се однесувал како нејзин втор татко.
Џејсон, наводно, од друга страна сметал дека повеќе се грижел за постапките на Бритни отколку што бил нејзин љубовник и свршеник. Сепак, тешко му било да ја прекине врската поради поврзаноста кон нејзините синови кои ги добила од претходниот брак со танчерот Кевин Федерлин.