Пејачките Бритни Спирс и Шакира наводно снимаат дует, соопштиле американските медиуми. Тие две работеле на нова заедничка песна чиј продуцент бил Вил Ај Ем од групата ”Black Eyed Peas”, а која би требало да биде готова оваа година.
Продуцентот бил најпознат по работата на популарниот хит на Бритни Спирс ”I’m A Slave 4 U”. Шакира во 2007 година со Бијонсе го снимила дуетот ”Beautiful Liar”, кој на топ листите во Велика Британија го зазел првото, а во САД третото место.