Облечена во фармерки и темна јакна, Бритни Спирс се сликала со Дедо Мраз и сестрата Џејми Лин. На лицето имала широка насмевка, а на левата рака, која ја ставила на коленото, можел да се забележи прстен. Пејачката фотографијата ја објавила на Твитер, а ја испратила до сите пријатели како божиќна честитка.


Таа е во врска со Џејсон Тревик, а уште од 2009 година кружат гласини дека парот се верил. Многумина сметаат дека фотографијата е потврда за гласините. Пејачката веќе два пати била во брак. Прв пат во 2004 со Џејсон Александер, со кого во брак била само 55 часа. Истата година се омажила и со Кевин Федерлин. Нивниот брак завршил 2007 година.