Американската пејачка преде неколку дена имала концерт во Перт во рамките на турнејата Циркус. Австралиските медиуми пренесуваат дека таа на настапот не ги воодушевила фановите бидејќи цело време пеела на плејбек. Наводно стотина разочарани фанови го напуштиле концертот кој траел два часа предвреме.
Во приказната се вмешала и минестерката за трговија Вирџинија Џаџ. Таа рекла дека доколку Бритни планира да пее на концертите на плејбек, тогаш нејзина работа е да ги информира луѓето за што точно плаќаат. Рекла дека ако на билетите пишува Бритни Спирс во живо, тогаш и таа мора да пее во живо.