Корисниците на интернет низ целиот свет во 2008 година повеќе се интересирале за Бритни Спирс и американското борење отколку за Барак Обама, ако може да се суди според пребарувањата на интернет гигантот „Yahoo“.


Yahoo кој секоја година објавува список на најбараните поими кои милиони корисници ги бараат во пребарувањето, истакнува дека американската пејачка Бритни Спирс, која го објави својот нов албум, и го изгуби старателството врз синовите, го среди својот приватен живот, и веќе седми пат за осум години го зазема првото место.

Барак Обама, првиот афроамериканец избран за претседател на САД, е на третото место, веднаш по американскиот борач „WWE“.