Бритни Спирс (27) е се, само не примерна мајка и жена. Едниот од синовите за малку не и испаднал од рацете додека бегала од фотографите, а со другото дете се заклучила во тоалетот за време на нервниот напад. Во најновиот спот “If You Seek Amy” таа се шегува на своја сметка.
Живее во предградие, има среќен брак, косата и е уредна, носи розев фустан и пече пити. Подоцна тие пити ги дели на папараците кои “дремат“ пред куќата. Веројатноста такво нешто да се случи во реалноста е еднаква на нула.