Бритни Спирс (26) за новиот сингл “Womanizer” го снимила спотот во Лос Анџелес. Во црни, кожни панталони, со црна перика и лажни тетоважи се превртувала по кујнскиот шанк додека еден згоден дечко во одело ја набљудува.
-Спотот е набиен со еротика, а стилот на Бритни подсеќа на Ума Турман во Pulp Fiction – изјавил член на тимот.
Во друга сцена пејачката со камшик мава пред голема змија. Бритни го завршува албумот “Циркус“, со кој во почетокот на декември ќе го прослави својот 27 роденден и враќањето на сцената.