Според најновиот развој на настаните Бритни Спирс е со намера да се омажи за својот нов дечко, папарацото Аднан Галиб. Приказната се рашири откако Бритни се појави во венчаницата во која се омажи за Кевин Федерлајн, притоа држејќи го за рака Аднан. Баш во него Бритни гледа прилика за нов почеток. Нејзината намера е на шест месеци да исчезне од Лос Анџелес, бидејќи во ваква состојба како што е сега не може да добие старателство над синовите. Пред почетокот на летото планира да се врати и да докаже дека нејзините психички проблеми се минато, а до тогаш наводно на раката ќе има и венчален прстен.
Бритни пред нова авантура
Колегите на Аднан веќе се јавија во медиумите со дискредитирачки податоци за него. Тие тврдат дека Аднан веќе една година планирал да ја заведе познатата пејачка и дебело да профитира од заедничките интимни фотографии. Пред да застане пред олтар Бритни ќе мора да ја промени и верата бидејќи муслиманското семејство на Аднан нема во никој случај да прими снаа која не е муслиманка. Пријателите на Бритни велат дека е подготвена на се, па и на промена на верата, само да ја пронајде сопствената среќа и да ги врати синовите.
ohridnews