Детали од долгоочекуваниот документарен филм на Бритни Спирс и понатака продолжуваат да се кажуваат. Таа во своите мемоари се жали на својот нов животен стил.

– Не чувствувам возбудување ни страст. Ми се менуваат лоши и добри денови. Дури и кога си во затвор знаеш дека еден ден ќе излезеш. Но, оваа ситуација нема крај. Како „Бесконечен ден“. Кога ќе направам нешто добро, тоа не се ни забележува. А кога ќе направам нешто лошо, тоа ме следи извесно време – изјавила Бритни.

Додава и дека не знаела колку е популарна се додека не доживеала нервен слом. Неа тешко и паѓа што моментално е под контрола, но свесна е дека мора да биде така.