Британците кои се опседнати со времето шест месеци од својот живот разговараат за дождот, сонцето и се што е во врска со климата, покажало едно истражување кое било спроведено од осигурителната компанија „Лојд“.
Ова го потврдува традиционалното мислење дека временската прогноза е омилена тема на британците, многу повеќе од спортот, работата или љубовниот живот. Истражувањето покажало дека дури 58 проценти од британците користат разговор за времето за да го скршат мразот кога започнуваат разговор со непозната личност или бизнис партнер.