Според резултатите објавени во британскиот часопис „Гардијан“, британците се подобри готвачи од французите. Во анкетата учествувале 2000 француски и 1350 британски испитаници кои одговарале на прашања за исхраната и готвењето. Резултатите покажале дека околу 72 проценти од британците секој ден припремаат оброци во своите домови, а само 59 проценти од французите го прават истото.


Четири проценти од французите признале дека никогаш не готват, што е четири пати повеќе отколку британците. Тјери Дарас, задолжен за оваа анкета ја отфлил секоја можност дека британците се подобри готвачи од французите, коментирајќи дека иако поминуваат повеќе време во кујната, британците припремаат понеквалитетни јадења од французите.