Најголем број празнични денови во годината имаат вработените во Велика Британија, и тоа 28, а два дена помалку имаат полјаците, покажало едно германско истражување. Како што пренесуваат медиумите, третото место го делат повеќе земји со 25 празнични денови во годината, а станува збор за Луксембург, Франција, Австрија, Грција, Финска, Данска и Шведска.
Со 20 дена платени празници во годината, Швајцарија го зазема петтото место, кое го дели со Германија, австралија, Белгија, Чешка, Ирска, Италија, Јапонија, Холандија, Нов Зеланд, Словенија, Словачка и Русија. Помалку празнични денови има во САД, а на крајот на листата се наоѓаат Кина и Канада, чии работници празнуваат само десет дена во годината, покажало истражувањето кое го спровел институтот за германското бизнис списание “Handelsblat”.