Веселите и пријателски расположени Британци во животот трошат просечно 40 илјади евра вртејќи тури на пијалоци со своите пријатели. Во просек секој возрасен Британец троши 1000 евра годишно за честење на своите пријатели или колеги. Според истото истражување, и покрај финансиската криза, секој Британец три пати месечно оди на крстарење низ баровите.
Кога ќе се соберат месеците, годините и така натаму, Британците на своите пријатели трошат пари во вредност на еден стан во Македонија. Но барем убаво се проведуваат. Сето тоа го прават во чест на пријателството и добрите односи на работните места.